Социјалната мрежа на Трамп излезе на берза: Вреди осум милијарди долари

Сподели со своите пријатели

На берзата дебитираа акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп, а во еден момент од тргувањето нивната вредност скокна и за 50 отсто.

Loading...

Сепак, на крајот од трговскиот ден забележаа раст од 16 отсто. Тоа значи дека компанијата Трамп медиа и технолоџи груп, која ја поседува социјалната мрежа на Трамп, Truth Social, вреди речиси осум милијарди долари.

Ова се случи по спојувањето на компанијата на Трамп со компанијата Digital world acquisition corp. (DWAC).

Поранешниот американски претседател ја основаше социјалната мрежа во 2022 година, откако неговиот профил на Твитер беше суспендиран поради поттикнување немири во Капитол на 6 јануари 2021 година.

Твитер профилот на Трамп подоцна беше вратен.

Ако се земе предвид дека Трамп има околу 60 отсто од акциите во социјалната мрежа Truth Social, тоа значи дека неговото богатство само во акциите на оваа компанија е околу 4,8 милијарди долари.

Сепак, доколку сака да ги продаде акциите, ќе мора да чека шест месеци.

Интересно е што минатата година Трамп медиум имале 8,9 милиони корисници, приходи од само 3,4 милиони долари и забележале загуба од околу 50 милиони долари.

Loading...

За споредба, Reddit, социјалната мрежа која неодамна излезе на берзата, се проценува на 11 милијарди долари, има 70 милиони корисници и лани оствари приход од 800 милиони долари.