Точно напладне, започна одржувањето на 19 – тиот конгрес на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија насловен како програмски конгрес, на кој партијата со своите делегати ќе ги разгледа решенијата и предлозите кои ќе бидат преточени во изборна програма со која партијата ќе настапи на изборите во април 2016 година.
Loading...
Програмскиот Конгрес се одржува во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, а за новинарите беше дозволено за снимање на говорот на на претседателот Зоран Заев, по што започна работниот дел на конгресот затворен за јавноста.