Социјалдемократите на Шолц победија во Бремен, Зелените тешко паднаа

Сподели со своите пријатели

Социјалдемократите на германскиот канцелар Олаф Шолц победија на изборите во неделата во Бремен, најмалата сојузна покраина, што може да ѝ даде умерен поттик на партијата на левиот центар, која се соочува со пад на популарноста на национално ниво, пренесува Хина.

Loading...

Тоа упориште на Социјалдемократската партија (СПД) е првата сојузна држава што гласа оваа година.

Според проекциите на локалната изборна комисија, СПД е прва со 29,5 отсто освоени гласови, 4,6 отсто повеќе од изборите во 2019 година, по што формираше локална власт со Зелените и партијата екстремна левица.

Ова значи дека партијата освоила десет проценти повеќе гласови од националната популарност на СПД, која паѓа од последните федерални избори во 2019 година поради зголемените животни трошоци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Германија наскоро ќе се продаваат само бели јајца

Конзервативците се втори со 25,8 отсто, 0,9 отсто помалку од 2019 година.

Падот на Зелените

Двете партии во коалиција со СПД на федерално ниво, Зелените и либералните Слободни демократи (ФДП) претрпеа загуби во Бремен.

Зелените освоија 11,8 отсто од гласовите, 5,6 отсто помалку од претходните избори.

ФДП доби 5,2 отсто, 0,7 помалку од 2019 година и едвај го надминува прагот за влез во локалниот парламент.

Loading...

Левичарската партија доби 11,5 отсто, а екстремната десница Буергер во Вут (Гневни граѓани) доби 9,5 отсто.

Конечните резултати се очекуваат во среда.