Со свечена седница библиотеката „Тане Геогргиевски“ одбележа 70 години од постоењето (видео)

Сподели со своите пријатели

Во просториите на Центарот за култура, денеска градската библиотека „Тане Георгиевски“ одржа свечена седница по повод 70 години од своето постоење.

Loading...

DSC_0007

Библиотеката е формирана на денешен ден во 1945 година, кога книгите биле собирани од куќа на куќа од граѓаните на Куманово, при што од собраните 4000 примероци, биле изложени 1300 книги, а денеска истата брои над 200 илјади примероци, на неколку јазици и од различни жанрови.

DSC_0006

Директорката Нада Иванвоска со оваа установа успешно фунцкионира веќе 26 години, а оваа година таа заминува во пензија, зад себе оставајќи го успешниот труд кој го има вложено во менаџирањето на оваа образовна установа.

Денеска имаме секаков вид на литература, периодика, весници и секаков вид на богат книжевен фонд. Библиотеката започна да работи со едно одделение и за возрасни и за деца, кое постпено се оделува и се формира и детско и возрасно одделение. Ги применуваме сите меѓународни стандарди за обработка на книгите и библиотеката може да се вклучи преку електронски библиотечен систем – изјави директорката Ивановска.

 

На свечената седница присуствуваше и градоначалникот Зоран Дамјановски кој се заблагодари на директорката Ивановска која веќе со години успешно ја менаџира библиотеката.

Loading...

Имаме современа, модерна библиотека која во последниве неколку години направи неколку проекти, информатичка читална, уредени простории, читална за помалите возрасти, голем број на книги, изјави Дамјановски.

Инаку библиотеката има добиено и борјни награди признанија за својата успешна работа, а библиотечниот фонд на книги од секаков жанр се обновува два пати во годината.