Со судска времена мерка – ЈП Водовод доби електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Две броила во дел од Управната зграда на ЈП Водовод се пуштени во употреба од страна на ЕВН, врз основа на времена судска мерка изречена од Основен Суд – Куманово.

Loading...

Електричната енергија е пуштена пред неполно два часа, соопшти Горан Стојковски, директор на ЈП Водовод, со што ќе се овозможи релативно нормално функционирање на оваа претпријатие.

Во остатокот од објектите на ЈП Водовод, електричната енергија и понатаму е исклучена, а поради долг од 60 милиони денари.

Во меѓувреме, не дојде до средба со надлежните од ЕВН, со очекувања, средбите за разрешување на заостанатиот долг да започнат по завршувањето на Велигденските празници.

Преговорите примарно ќе одат во насока за изнаоѓање решение за плаќање на енормниот долг на ЈП Водовод на рати.

Leave a Reply