Со повреди од остар предмет кумановец заврши во болница, се трага по сторителите

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишен кумановец ноќва со повреди од остар предмет бил донесен во кумановската болница.

Loading...

– На 03.06.2022 година во 03.15 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив со повреда од остар предмет бил донесен С.М.(49) од Куманово, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од СВР Куманово, во полициска станица на разговор биле повикани повеќе лица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со фалсификувани долари се коцкал во казино