Музиката има влијание врз нашите емоции, било да се позитивни или негативни.
Некогаш нè расплакува, другпат нè враќа во некое поминато време, потоа може и да не орасположи, а може и да ви помогне полесно да заспиете.
Песните кои можат да успијат се избрани со по 60-80 „битови“, односно удари во минута, а тоа е и истиот ритам со кој работи срцето додека заспиваме.
Со помош на ваквата музика го наведуваме телото да се релаксира и да ги синхронизира срцевите отчукувања со ритамот на звуците. Со тоа се намалува крвниот притосок и полесно заспиваме.
Постојат дури и музички албуми со музика која успива, а ние ви предлагаме четири нумери кои можете да ги додадете на вашата листа:
Clair de Lune
Canzonetta Sull-aria
Nocturne in E flat Major Op.9 No.2
The Boxer