Со кондоми за заштита на животните: Група еколози смислиле чудни подароци за Валентајн

Сподели со своите пријатели

Во намера да покаже колку растот на човековата популација негативно влијае врз светот на животните, една американска група за заштита на животната средина создала необични кондоми кои ќе ги дели пред Денот на вљубените.

Како се произведуваат кондомите? (видео)

Loading...

Центарот за биолошка разновидност ќе подели денеска во Карнегиевиот научен центар во Питсбург кондоми чии пакувања на шеговит начин имаат пораки во стихови кои укажуваат на проблем со загрозените видови.

На шарените кутии кондоми има рима која потсетува на загрозеноста на белите мечки, пеперутката монарх и други.

10 начини како да искористите кондом, ниту еден нема врска со секс

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА: Слон се прошета низ центарот на градот (ВИДЕО)

Координаторот на програмата во Карнегиевиот центар Лејмонт Крејвен рекол дека кондомите совршено се вклопуваат во нивниот настан.

– Пакувањата упатуваат на страшна тема, но нивната содржина е погодна за начинот за решавање на проблемите, рекол Крејвен.

Leave a Reply