Со фалсификувани документи, кумановка останала без своето „Ауди“

Сподели со своите пријатели

Кумановка останала без своето „Ауди А6“ откако нејзиниот поранешен вонбрачен партнер со фалсификувани докуенти си го пренел на свое име.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.З.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавениот во мај 2024 година присвоил патничко возило „ауди а6“, сопственост на негова поранешна вонбрачна партнерка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, таа му дала клучеви од нејзиниот стан во Куманово, при што тој искористил прилика и ја одзел целокупната документација за возилото, врз основа на која изготвил фалсификуван договор за купопродажба на возилото кај нотар, на кој фиктивно како продавач ја навел оштетената.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Автопатот Куманово – Скопје во иднина ќе биде приоритет за реконструкција (ВИДЕО)

Потоа, договорот го употребил како вистински во постапка за регистрирање на возило за промена на сопственост на негово име.

Никола Ивановски