Со автомобил удриле слонче на автопат. Стадо слонови потоа го згазиле возилото

Сподели со своите пријатели

Стадо диви слонови прегазиле возило на голем автопат во Малезија, откако возач со својот автомобил удрил во слонче, соопштија вчера локалните власти.

Loading...

Во автомобилот биле возачот, 48-годишен маж, неговата сопруга и 23-годишниот син.

Во неделата семејството се возело по главниот автопат од островот Пенанг до североисточната крајбрежна држава Теренгану кога удрило во слон во 19 часот и 35 минути по локално време, пишува Си-Ен-Ен.

„Автомобил удри во сонче кое со стадото го поминувало патот“

Надлежните наведуваат дека во моментот на инцидентот врнело дожд и имало магла.

„Автомобилот удрило во слонче што го минувало патот со стадото“, рече Зулкифли Махмуд, началник на полицијата во областа Герик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Група од 38 виетнамски туристи исчезна во Јужна Кореја

Од ударот младенчето паднало на земја.

„Кога другите пет слонови од стадото го виделе ова, се упатиле кон автомобилот и почнале да го газат. Ја напуштиле областа дури откако младенчето застанало на нозе“, рече Махмуд.

 

Loading...

 

Нема повредени

Полицијата не прецизираше дали членовите на семејството биле во возилото за време на нападот на слоновите или дали успеале да побегнат, но во полициското соопштение не се наведува дека нема смртни случаи или сериозни повреди.

Полициските фотографии покажуваат големи оштетувања на предниот дел и страните на возилото и скршени стакла.

Поради брзиот развој на автопатиштата во Малезија, дивите слонови низ полуостровот често доаѓаат на патот за да преминат во друга област во потрага по храна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Милијардерка осудена на смртна казна поради корупција: Може да ја избегне само ако ги врати украдените пари

На многу автопати се поставени табли за предупредување на возачите за пропуштање на слонови, особено на северот од земјата.