Јужна Кореја денес предложи воени разговори со Северна Кореја за решавање на граничните спорови и спречување на инциденти во граничните области.
Министерството за одбрана на Јужна Кореја официјално им предлага на властите на Северна Кореја да одржат воени разговори меѓу Јужна и Северна Кореја, со цел заеднички да се утврди точната локација на копнената воена демаркациска линија, да се разгледа враќањето на воените комуникациски врски и да се разговара за мерките за спречување на случајни конфликти во граничните области, изјави денес заменик-министерот за одбрана на Јужна Кореја задолжен за одбранбена политика.
Според АП, не е јасно дали Северна Кореја ќе се согласи на преговори.
Предлогот дојде неколку дена откако сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги посети областите на фронтовската линија каде што севернокорејските трупи ја зајакнуваат границата.
За време на посетата, таа ја повтори заканата за одмазда во случај на јужнокорејска провокација насочена против утврдувачките работи.

