Со организиран превоз, средношколците од Куманово денес во 11 часот ќе се упатат во Скопје каде точно напладне ќе започне Третиот Средношколски марш. Според најавите, средношколците ќе се соберат пред платото на СОУ ”Перо Наков” и ќе се упатат во главниот град каде ќе се придружат на останатите членови на Студентскиот Пленум.
Во меѓувреме, Средношколскиот Пленум доби поддршка од Наставничкиот и Студентски Пленум кои најавија свое присуство на денешниот марш.
Бесни на натписот на СИТЕЛ ”Средношколците во четврток на протест – Познавачите препознаваат финансиска поддршка од СДСМ”, пленумот истапи со свој одговор.
Маршот на средношколците ќе започне во 12 часот пред фонтаната во Градски парк и ќе продолжи со рута до Владата на РМ.