Со 3 милиони евра реконструирано училиштето „Киро Бурназ“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Околу три милиони евра потроши државата за целосна реконструкција на Државното средно училиште и Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ” во Куманово.

Loading...

 

 

Денеска на првиот училишен ден, училиштето го посети државниот врв предводен од премиерот Димитар Ковачевски.

 

 

Loading...

Ковачевски направи увид во реновирените и опремени работилници, лаборатории, училиштето и интернатот.

– Овде има повеќе смерови на дуално образование од прехранбена струка, сточарство и ветеринарство, веќе се работи на воведување на машинска струка за обука на учениците, како и на други струки. Учениците, во компаниите кои потпишале договори со училиштето и со Министерството за образование и наука, имаат можност не само да учат теоретска настава, туку и практична настава. На тој начин од првиот ден на своето образование имаат можност да се вклучат и во работните процеси, и да станат многу поконкурентни на пазарот на труд во однос на своите врсници“, рече премиерот Ковачевски.

 

 

Посакувајќи им успеси на учениците и наставниците, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, истакна дека учебната година започнува со повеќе нови учебници во основното и средното стручно образование, 50тина реконструирани и неколку нови училишни објекти, како и со најава за повисоки плати за просветните работници.

– Со помалку предизвици и со што подобри резултати да ја заокружиме новата учебна година. Да се заложиме сите. Потребна е поддршка од семејствата на учениците, од наставниците, граѓанските организации, бизнис заедницата и воопшто на сите општествени чинители, затоа што конечно на крајот, какви ученички генерации ќе создадеме не зависи само од еден фактор, или од една засегната страна, туку од сите нас. Во меѓувреме, Министерството за образование и наука останува отворена институција за соработка и ќе се трудиме да бидеме на висина на задачите, водејќи се секогаш по најдобрите интереси првенствено на младите“, рече министерот.

 

Loading...

 

Шаќири потсети дека учебната година ќе трае до 17 јуни, а за прв пат, по примерот на повеќе развиени земји во Европа, се воведува и пролетен распуст кој ќе трае од 29 април од 5 мај. Информираше и дека во училишните клупи има над 250 илјади ученици, од кои околу 20 илјади се првачиња.

 

 

– Досегашните реформи дадоа навистина големи резултати. Бројот на ученици споредбено со претходните години се зголеми за 80%. Сите паралелки од прва година се дуални и обезбедивме секој наш ученик да реализира учење преку работа во компанија. Благодарност до Владата на Република Северна Македонија и до Министерството за образование и наука што ни овозможија од средно училиште да прераснеме во регионален училишен центар каков што нема на просторот на нашата држава и на тој начин да станеме лидери во реформите во образовниот процес, рече Весна Трајковска, директорка на училиштето.

 

Loading...

 

Инаку од сумата од три милиони евра, обезбедени претежно од ЕУ, два милиони се потрошени за реконструкцијата, а еден милион за набавка на опрема.

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски

Loading...