Сноуден положи заклетва и доби руски пасош

Сподели со своите пријатели

Поранешниот припадник на американските специјални служби Едвард Сноуден доби руски пасош и положи заклетва, објави неговиот адвокат Анатолиј Кучерена.

Loading...

Сопругата на Сноуден исто така поднесе барање за руско државјанство, рече тој.

Кучерена додаде дека неодамна се сретнал со Сноуден, и дека со него „се е во ред“.

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин на 26 септември потпиша указ за доделување руско државјанство на американскиот свиркач и поранешен разузнавач Едвард Сноуден.

Сноуден уште во 2020 година поднесе барање за двојно американско-руско државјанство, нагласувајќи дека ќе продолжи да биде Американец кој едвај го чека денот кога ќе се врати дома.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

Инаку, Стејт департментот неодамна проговори за Сноуден, а портпаролот на американското Министерство за надворешни работи Нед Прајс изјави дека тој треба да се врати во САД и да му се суди како и секој друг американски државјанин.