Снежана Савиќ вечерва на „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва продолжува 25то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

На репертоарот е претставата „Позови М ради ужитка“ на Агенција „Импресарио“ од Белград. Во претставата играат Снежана Савиќ, Катарина Жутиќ и Иван Јевтовиќ.

Текстот е на Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ, која ја потпишува и режијата.

 

 

„Позови М ради ужитка“ е приказна за изневерувањето, за нас денес и овде. За нашите животи кои се имитации на она за што сонувавме, за невидливите раце кои ја обликуваат нашата несреќа и за нашата борба да преживееме.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Познати имињата на кандидатите на советници од ЗНАМ Куманово

Тоа е трагикомична приказна, приказна за уметниците во транзиција, за две актерки и еден писател кои се снаоѓаат како знаат и умеат во времето на рушење на сите вредности.

Претставата започнува вечерва во 20 часот.

Никола Ивановски