Смртта на водачот на платеничката Вагнер, Евгениј Пригожин беше предвидлива по неговиот бунт во јуни против Кремљ, изјави во средата вечерта за весникот „Билд“ главниот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Пригожин ја потпиша сопствената смртна пресуда веднаш штом застана на 200 километри од Москва“, изјави советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак за германски весник.
Пригожин загина во приватен авион во средата вечерта во близина на Москва, точно два месеци по неговиот неуспешен бунт против руското воено раководство.
Телеграмс канал на сивата зона, кој е поврзан со платеничката војска на Вагнер на Пригожин, објави дека авионот бил намерно соборен.
Каналот првично сугерираше дека Пригожин можеби преживеал, за кратко време подоцна да каже дека умрел.
Подоцна руската агенција за цивилно воздухопловство објави дека Пригожин бил во авионот, кој се урна на 200 километри северозападно од Москва.
Подољлак рече и дека јунскиот бунт „навистина го исплашил“ рускиот претседател Владимир Путин и довел до ваква ситуација бидејќи „Путин не им простува на оние што го плашат“.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.