Смаиловиќ: Котата 59 е затворена за бегалците, се враќа августовското сценарио

Сподели со своите пријатели

Бегалци вратени од Хрватска и Србија назад во Македонија, затворена граница, т.е спуштени рампи кај кота 59 е сликата која што денес го опишува хаосот што се создаде со бегалците, вели за Кумановски Муабети, Мерсиха Смаиловиќ  од НВО “Легис”.

Loading...

Според Смаиловиќ, бегалците кои се вратени од Хрватска на ПЦ Табановце се вратени поради издавање на стар вид документи, иако беше донесена одлука за извдавање на нови документи кои го содржат обавезниот жиг.

  • Бегалците кои се вратени од Хрватска, и тоа 380 бегалци, кои со автобуси се вратени назад во Македонија, се вратени првин од Србија, а потоа и на ПЦ Табановце, а тука се и останатите 420 бегалци од Авганистан кои исто така не можат да го продолжат патот поради барањето да поседуваат нови документи, вели Смаиловиќ.

Во истовреме како што јавува Смаиловиќ, котата 59 кај македонско – грчката граница е затворена, а поради протест на бегалците од Авганистан кои денес протестираа кај Поликастро, Грција.

  • Котата 59 е затворена, и на овој начин сме сведоци на ново сценарио од 29 август, т.е од ноември минатата година, кога полицијата го затвори слободниот премин на бегалците кон Македонија. Во Македонија денес владее ужас во двата прифатно – бегалски центри, вели Смаиловиќ.

Како што пренесува МРТВ, од МНР официјално е одговорено дека Македонија ќе ги почитува заклучоците од Советот на Европа и ќе ги прими сите бегалци кои се враќаат назад, но очекуваат проблемот да се реши на ниво на ЕУ денеска, најдоцна утре.