Германската „Deutsche bank“ заврши на насловните страници на сите германски весници поради скандал, откако по грешка вработен во банката на смета на еден клиент уплатил шест милијарди долари.
Младиот референт за девизни инвестиции во банката по грешка ги уплатил парите, затоа што внел погрешни податоци во системот.
Неговиот шег во тоа време бил на одмор, а грешката била откриена дури следниот ден.
Инцидентот кој се случил во јуни е откриен дури сега, шт го отвора прашањето зошто „Deutsche bank“ тоа ги криела до сега, посебно поради тоа што банката наводно користи принцип на „четири очи“, а тоа значи дека секоја поголема трансакција мора да биде одобрена од страна на повеќе вработени лица.
Овој скандал е само еден од неколкуте кои ги направила оваа банка, а го објавила вчера кога најавила и радикални промени во работењето, односно сакаат драстично да ги намалат трошоците, да ја подигнат профитабилноста и да го вратат изгубениот углед на банката.
Скандалите во оваа банка не се единствените кои ја тресат јавноста во Германија. Имено, откритието дека „Фолксваген“ ги подесувал емисиите на своите дизел автомобили е закана за растот на еврпската економија и фрли сенка на препознатливата ознака за квалитетна стока „ Made in Germany “ која својот имиџ го гради со децении.