Службеничка на МВР од Куманово ќе одговара за несовесно работење

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи кривично ќе гони своја службеничка од Куманово под сомнение дека несовесно работела.

Loading...

Таа се сомничи со малверзации за регистрирање возила, а МВР ја суспендираше од работното место додека не заврши постапката.

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.П. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Како што појаснуваат од министерството, пријавената М.П. – референт за управни работи во Одделение за управни работи Куманово, на 20.12.2024 извршила продолжување на регистрација на приколка „тирсан“ и  на патничко возило „шеворлет калос“ и покрај тоа што не биле исполнети законски пропишаните предуслови за продолжување на регистрацијата, односно двете возила немале поминато технички преглед.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исчезнатото девојче од Куманово, по грешка завршило во Скопје

– Исто така, на 27.12.2024 пријавената извршила продолжување на важноста  на регистрацијата на патничко возило „опел корса“ и покрај тоа што подносителот на барањето не приложил важечка лична карта, односно приложил истечена лична карта, што е и еден од условите за регистрација на возило, додава МВР.

Продолжувањето на регистрацијата, како што стои во соопштението, М.П. го извршила во периодот кога користела боледување.

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.П. поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка за отстранување на работно место-суспензија до завршување на дисциплинската постапката, информираат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово на вториот владин повик ќе аплицира со 11 проекти

Никола Ивановски

Loading...