Неколку пати за времетраењето на судскиот процес одбраната на обвинетите за настаните од „Диво Насеље“ барала одложување на судењето, па процесот да го презеде Катица Јанев и Специјалното јавно обвинителство и исто така побарале и психијатриско вештачење за своите клиенти.
Сите барања од страна на судот биле отфрлени, по што започнало главното рочиште, на кое биле презентирани податоци за потеклото, образованието и имотната состојба на обвинетите. Карактеристично е тоа што во групата има високообразовани личности со завршен Факултет за дипломатија, психолофија, криминалистика, информатика, Воена Академија, а имало и фризер и новинар. Имало и со средно и со основно образование.
Што се однесува до фунцкионирањето на групата таа оперирала на три нивоа. Првото го сочинувала командната структура односно првообвинетите во процесот, второто ниво логистичката поддршка, а третото челновите кои учествувале во пукањето. Првото и третото ниво ги сочинувале жители на Косово и оние кои таму живеат, додека второто ниво главно биле лица жители на Република Македонија, објаснува Обвинителството.
Акциајта била планирана подолго време, а обвинетите ја признале инволвираноста во настаните поврзани со нападот на караулата Гошинце, како и пукањето, но велат дека немале намера да сторат дело тероризам, туку да го дефокусираат вниманието на јавноста од бомбите на опозицијата, за што одбраната вели дека има цврсти докази со име и презиме кои ќе ги приложи на следното рочиште.
Обвинетите не го признаваат мотивот ниту зошто минатата година пукаа кон полициските сили, а на вчерашното шестчасовно рочиште беа завршени само техничките подготовки за главната расправа.
Обвинителството претставувајќи го обвинението тврди и ќе докажува дека групата долго се подготвувала за малата војна на 9-ти мај. Се почнало со грабежот на оружје од караулата Гошинце. Потоа групата се нашла во Куманово каде полицијата во обид да ги провери разузнавачките информации била нападната. Прво била фрлена рачна бомба и повредени неколкумина полицајци, а потоа во полицијата било пукано од автоматско оружје и снајпери. Групата била добро организирана и тоа на три нивоа, команда , логистика и групата која пукала. Што се случувало на 9 мај во раните утрински часови обвинетите ќе кажат во четврток, за кога некои од нив најавија дека ќе ја појаснат улогата на ОБСЕ и Али Ахмети во расчитување на конлфиктот.
извор+фото: ТВ Телма