Словенија под опасност од тероризам, го суспендира Шенген

Сподели со своите пријатели

Словенија ќе го суспендира Шенген и ќе воведе контроли на границата со Хрватска и Унгарија, потврди словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар.

Loading...

Поклукар објасни дека причината за воведувањето мерки е иста како и во Италија, зголемувањето на заканата од тероризам и дека словенечкото МВР веќе подготвило известување согласно Шенгенскиот кодекс, кое Владата ќе го одобри денеска и потоа ќе го испрати до Европската комисија.

Тој додаде дека за сето ова вчера ги информирал министрите за внатрешни работи на Унгарија и Хрватска.

– Гледаме што се случи во Франција и Белгија. Словенија не е исклучок – предупреди Поклукар и додаде дека сакаат да обезбедат превентивни дополнителни проверки на балканската бегалска рута.

Словенечкиот министер не сакаше да открие кога полицајците ќе почнат со контроли на граница бидејќи за воведувањето допрва треба да разговараат Владата и Европската комисија.

– Верувам дека со тоа ја зголемуваме безбедноста на Словенија, која е на прво место. Ситуацијата на Блискиот Исток е комплицирана, мора да направиме се што сме должни да направиме за безбедноста на Словенија – потенцира Поклукар.

Словенија вчера го подигна нивото за ризик од тероризам на средно.

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска се среќаваат во Луксембург каде ќе разговараат за ситуацијата во Шенген зоната, импликациите од ситуацијата на Блискиот Исток за внатрешната безбедност во ЕУ и миграцијата.

Loading...