Слон и желка како симбол за среќа

Сподели со своите пријатели

Среќата не е запишана, таа се создава. Поголемиот дел од луѓето на сите можни начини се обидуваат да го оплеменат животот. Древното кинеско верување фенг шуи дава насоки на кој начин човекот може да го уреди просторотза да има спокој и среќа во домот.

Дури и луѓетокои не ги познаваат правилата на фенг шуи слушнале за фигуите на слон, кои денеска се продаваат на секој чекор, дека ја обезбедуваат среќата. Овој украс е моќна заштита за становите и куќите, но како тврдат познавачите тоа се фигури кои можат да привлечат и пари. Сурлата на слонот мора да биде крената нагоре.

Тој треба да се позиционира да биде свртен кон влезот во домот, за да благосостојбата може да влезе во животниот простор. Поединци имаат и ритуал кон крајот на месецот слончето од керамика или дрво го честат со паричка или кованица и ја сместуваат во сурат, а секој следен месец ги заменуваат со нова. Се верува дека овој ритуал обезбедува прилив на пари.

Зошто според фенг шуи во спалната соба не треба да имате огледало?

Loading...

Домаќинките кои сакаат цвеќе ќе ги израдува фактот дека јапонското дрво, според фен шиу, привлекува па, но и позитивна енергија. Во народот е попозната како красула и се верува дека нејзината „магија“ се крие во листовите кои се во форма на паричка. Најдоброто место да се смести дрвото на парите е источна и југоисточна стан од куќата затоа што наводно така може да просперира и да го полни паричникот на сопственикот.

Скоро секоја жена која го следи фенг шуи во својот стан има фигура на жаба со паричка во устата. Таа треба да биде свртена кон ѕидот, ни случајно кон вратите или прозорецот, за да паричката и благосостојбата не излезат од животниот простор. Треба да стои сама, т.е. просторот околу неа не смее да биде оптеретен со други фигури.

Дамите кои веруваат во фенг шуи купуваат и фигури од желки. Таа според учењето е симбол на долг живот. Ако фигурата на желката е таква што на оклопот носи помала желка овој украс гарантира и симболизира среќа за потомството. Ако е поставена на постамент од златна полуга означува богатство и напредок.

Одредени припадници на понежниот пол сакаат да користат и школки како декорација за станот. Кристалите, според фенг шуи ја зголемуваат енергијата и можат да ја подобрат секоја област во која ќе се најдат. Не треба да се ставаат во близина на огледало, но затоа ако со нив се украсува некој дел од домот, ќе делува позитивно иќе донесе среќа за тие кои живеат тука.

Leave a Reply