Слика на Пабло Пикасо продадена за 3,4 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Сликата Buste de femme (Биста на жена) на Пабло Пикасо, која ја насликал две години пред смртта во 1971 година, е продадена вчера во германскиот град Келн за 3,4 милиони евра.

Loading...

Понудите ги надминаа очекувањата, соопшти аукциската куќа Ван Хем.

Највисоката понуда телефонски ја дал понудувач од Швајцарија. Според аукциската куќа Ван Хам, тоа е прв пат во најмалку 25 години голема слика на шпанскиот уметник да биде ставена на аукција во Германија.

Историчарите на уметноста во сликата ја препознаа втората сопруга на Пикасо, Жаклин Рок (1927-1986), од чиј имот првично потекнува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Да умрев вчера немаше да го знам ова“! За што служи металниот дел на пакувањето со салама?

Направил 400 портрети на својата втора сопруга

Дојде од германска приватна колекција чија вкупна вредност се проценува на 10 милиони евра.

Вклучува и дела од Луиз Буржоа, Пол Кле, Зигмар Полке, Егон Шиле и Курт Швитерс.

Пикасо, кој починал пред 50 години, направил вкупно 400 портрети на Жаклин, која била 46 години помлада од него.

Поранешната продавачка на керамика подоцна им забранила на своите деца да присуствуваат на погребот на Пикасо.

Loading...

Таа почина во 1986 година.