Слаткаристика и Два бона вечерва на плоштадот во Куманово

Сподели со своите пријатели

Второто издание на фестивалот „ТУМБСТОК“ и годинава ќе ја слави хип-хоп музиката во Куманово со настап на голем број музичари.

Loading...

Ѕвезди на вечерта ќе бидат Слаткаристика и Два бона, а се очекува и настап на голем број локални изведувачи вечерва на градскиот плошад.

Фестивалот е во комплетна организација на Фондацијата за култура и спорт „Куманово“ – Куманово, НГО „Бујрум“ и Сектор за култура при Општина Куманово, а, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Честа да го отворат фестивалот околу 20:30 часот ќе им припадне на трап изведувачите од  Double G Mafia, по што ќе следува настапот на Иван Ајнштајн, VYBE и David Black.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Кочо Рацин“ победник во Oпштинската училишна футсал лига

Нешто по 21 часот на сцената ќе се појават популарните кумановски изведувачи од 1300 Records, а по нив и Лука Чомбе, Аиман и Леопард.

Околу 22 часот се очекува настапот на Слаткаристика, а годинешното издание на фестивалот ќе го затворат момците од Два бона.

Никола Ивановски