Скоро половина милион или точно 495.258 имиња во Избирачкиот список се спорни за Државната изборна комисија откако завшри вкрстената проверка од 11 релевантни државни и јавни институции, пишуваат дел од националните медиуми.
Според проверките и анализите, околу 54 илјади зпишани гласачи во Избирачкиот список немале никаков издаден беометриски документ од соодветните институции, што е предуслов за поседување право на глас.
Најголеми отстапки во податоците имало од базите на Министерството за внатрешни работи, споредбено со останатите институции, а кај милион запишани избирачи има отстапки во дадените адреси и имиња.
Државната изборна комисија ќе закаже седница на која ќе се прифати извештајот, по што ќе следува дополнителна вркстена проверка, па дури тогаш ќе се врши теренско чешлање на резулатите.