Во Куманово изминатиот викенд биле казнети скоро 200 возачи поради непочитување на сообраќајните правила и прописи.
– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 194 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Најголем дел од казните, вкупно 123 биле за возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.
45 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 21 за управување возило без возачка дозвола и 5 за нерегистрирано возило.
Сообраќајните контроли, потенцира СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.
Никола Ивановски