Дваесет и осумгодишник од Скопје бил приведен на бензинска во Куманово откако полицијата во возилото му пронашла пиштол.
– На 05.02.2025 околу 20.00 часот на бензинска пумпа на влезот на Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.Б.(28) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од МВР, при преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен пиштол „зораки 917-Т“.
– Лицето било предадено во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски