Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, но по влажни коловози, информираат од „Македонија пат“.
На коловозите има остатоци од кашест снег по интервенцијата од дежурните екипи на јавното претпријатие. Намалена видливост поради магла има во Прилеп 150метри и Стража до 100 метри, додека во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово и Катланово – Велес.
Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
На учесниците во сообраќајот им препорачуваат внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.