Руските сили го зголемија интензитетот на нападите во насоката Покровски, и покрај изјавите за можно прекин на огнот за време на мајските празници, изјави врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Александар Сирски.
Тој на социјалните мрежи изјави дека руските сили продолжуваат со нападите, насочувајќи ги главните напори кон таа стратешка насока, и покрај недостатокот на оперативни и тактички перспективи, објави Укринформ.
Според него, Русија секојдневно испраќа нови единици на фронтот, што доведува до големи загуби меѓу руските војници, додека тие пријавуваат „илузорни успеси“.
Генералот рече дека во текот на последните денови бил во бригадите што го бранеле правецот Покровски, со цел да реши проблематични прашања и да им помогне на командантите во организирањето битки.
Сирски нагласи дека посебно внимание е посветено на обезбедување муниција, беспилотни системи, опрема за електронско војување и резерви, со дополнителен фокус на јуришни дронови.
Тој истакна дека украинските сили продолжуваат успешно да ги напаѓаат непријателските формации, уништувајќи ги по целиот фронт.
Иако рускиот претседател Владимир Путин на 28 април прогласи „примирје“ од 8 до 10 мај, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека нема потреба да се чека тој датум, туку дека прекинот на огнот може да се спроведе веднаш.