Сирски: Борбени акции долж целиот фронт

Сподели со своите пријатели

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски изјави дека активни борбени операции со различен интензитет се одвиваат долж целиот фронт со руските војници.

Loading...

Сирски напиша на Фејсбук дека руските сили не обрнуваат внимание на големите загуби и продолжуваат да туркаат во правец на Покровск, во областа Доњецк.

Продолжуваат жестоките борби во Красногоровка и во близина на Часово Јар, рече Сирски, а пренесе Интерфакс Украина.

Врховниот командант на украинската армија додаде дека руските сили не се откажуваат од обидите да ги заземат Стелмахивка и Макеевка и ги напаѓаат украинските позиции во Ивановское и Клешчиевка, пренесува Танјуг.