Семејството на Осама Абдул Мохсен, бегалец од Сирија кој стана познат на светската јавност откако унгарската снимателка го турна на земја додека тој го носеше своето дете преку граница, сепак не може да добие виза во Шпанија, јавува Ал Џезира.
Поради неможноста од Сирија да ги набави документите потребни за добивање шпанска виза за членовите за семејството, сирискиот бегалец Осама Абдул Мохсен е приморан да го напушти работното место тренер во мадридскиот клуб Хетафе и да замине за Турција.
Одлуката не беше лесна посебно затоа што ја засакав Шпанија. Но, сепак, околностите се посилни од мене, вели за Хафингтон пост Осама, кој на светската јавност и стана познат откако унгарската снимателка го сопна на границата додека тој се обидуваше да помине од другата страна.
Во неговата изјава, Осама објаснува дека шпанската амбасада во Турција одбила да му издаде виза за неговата жена и двете деца затоа што не биле во можност да набават документи од Сирија поради војната која трае подолго време.
Мохсен пред две години со сопругата и четирите деца дошол во Турција како бегалец, каде останале во турскиот град Мерсин, а потоа со двајцата синови одлучил да се упати кон Европа.
Сопругата и двете деца се наоѓаат во Турција, и би сакал да дадам се` од себе да можам да ги донесам во Шпанија. Многу луѓе се обидуваат да ми помогнат во тоа. Не знам дали ќе мора да заминам за една или две недели, но би сакал да можев да останам овде за да започнеме нов живот со семејството, вели Осама.
https://www.youtube.com/watch?v=zxQ22GOFQ4w