Сирија се надева дека ќе се врати во Арапската лига

Сподели со своите пријатели

Сирискиот министер за надворешни работи Асад Хасан ал Шибани изјави дека се радува на враќањето на Сирија во Арапската лига, бидејќи новата влада на земјата се обидува да го заземе своето место на регионалната политичка сцена.

Loading...

Тој ја даде изјавата за време на заедничката прес-конференција во Дамаск со помошникот на генералниот секретар на Арапската лига, Хосам Заки, пренесува Ројтерс.

Заки додаде дека Арапската лига работи со земјите-членки за да го активира учеството на Сирија во организацијата, пренесува Танјуг.

Арапската лига е регионална организација на арапските земји во Северна Африка, Рогот на Африка и Југозападна Азија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Откриено големо наоѓалиште на ретки метали во југозападна Кина

Основана е во Каиро на 22 март 1945 година и во тоа време се состоела од шест члена.

Денес Лигата брои 22 членки, а главната цел на организацијата е приближување на земјите-членки и координирање на меѓусебната соработка, зачувување на нивната независност и суверенитет и разгледување на прашања од општ интерес за арапските земји.