Руските системи за воздушна одбрана уништија 91 украински дрон во осум региони на Русија и над Црното Море во текот на ноќта, соопшти денес руското Министерство за одбрана.
Loading...
Како што е наведено, најголемиот број од тие беспилотни летала од типот авиони – 40 – беа уништени над Курската област, пренесува РИА Новости.
„Украинските вооружени сили речиси секојдневно се обидуваат да користат беспилотни летала за да напаѓаат цели во граничните и централните региони на Русија. Руските сили за воздушна одбрана успешно неутрализираат непријателски авиони“, се вели во соопштението на руското Министерство.