Пожарот во кој беше опожарена во куќа во населбата Перо Чичо во Куманово ја подметнал синот на сопственикот.
Од кумановската полиција велат дека лицето е веќе приведено.
– На 28.01.2024 во 11.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.С.(47) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Тој се сомничи дека предизвикал пожар во куќа на улица „Анѓа Ранковиќ“, сопственост на неговиот татко И.С.. Н.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, вчера околу 10:30 часот на терен излегле петмина пожарникари со едно противпожарно возило, по што веднаш на помош била повикана дополнителна екипа со уште едно возило и двајца пожарникари.
Интервенцијата траела до 12:35 часот.
Никола Ивановски