Силувач запалил тинејџерка кога дознал дека е бремена

Сподели со своите пријатели

Тинејџерка (15) од Индија била итно пренесена во болница со сериозни изгореници откако мажот кој е осомничен дека ја силувал се обидел да ја запали.

Loading...

Ова кривично дело претставува уште едно во низата кривични дела поврзани со сексуално насилство, што уште еднаш го предизвика гневот на граѓаните.

Камлеш Кумар Диксит, висок полицаец во државата Утар Прадеш, изјави за Си-Ен-Ен дека 18-годишен маж и неговата мајка биле уапсени во понеделникот за обид за убиство на бремена тинејџерка на почетокот на октомври.

Тие се обвинети дека ја полиле со бензин и ја запалиле.

Полицијата се сомнева и дека овој млад човек, кој е роднина на несреќната девојка, ја силувал три месеци претходно, по што таа останала трудна.

Иако нејзиното семејство знаело дека е бремена, заедно со семејството на младиот човек (18) се обиделе да се договорат за нивната венчавка.

Наводно била намамена во неговата куќа, каде што ја полил со бензин и ја запалил.

– Мислам дека гуглав такви случаи. На нашата земја и недостасува емпатија. Со години се обидуваме да ги промениме работите. Овој случај е показател за неуспехот на нашиот систем – изјави активист од Организацијата за борба против силување во Њу Делхи.

Loading...

Според висок полициски функционер во најнаселената држава во Индија, силувањето на тинејџерката се случило три месеци претходно во градот, кој се наоѓа на 200 километри од главниот град Њу Делхи.

Девојчето е пренесено во болница со тешки изгореници, а се уште не се знае во каква состојба се таа и нејзиното бебе.

Сојузната држава во која се случи злосторството е еден од главните центри на кампањата што ја покрена премиерот, а која е поврзана со промовирање на родовата еднаквост во земјата.

– Можете да поставите билборди низ целиот свет, но тоа нема да го реши овој проблем. Многу мажи сè уште го гледаат силувањето како „чин на моќ“ над жените. Многу случаи остануваат непријавени бидејќи жените се плашат да одат во полиција и да пријават насилство – вели активистката.

Се чини дека истото се случило и во случајот со гореспоменатото девојче бидејќи таа не го пријавила силувањето три месеци иако останала бремена.

Централната влада на Индија одобри план за отворање на повеќе од 1.000 судови кои ќе помогнат да се решат заостанатите случаи на сексуални напади врз малолетници по забрзана постапка.

Сепак, според официјалните податоци, до декември 2021 година биле формирани помалку од 700 од овие институции.