Силен земјотрес во Тихиот Океан, евакуација поради цунами

Сподели со своите пријатели

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа во Тихиот Океан југоисточно од Нова Каледонија, каде населението беше евакуирано подалеку од брегот поради опасност од цунами.

Loading...

Помали плимни бранови, до пет метри, стигнаа и до бреговите на Вануату.

Земјотресот бил на длабочина од 37 километри и на 333,8 километри од брегот, соопшти Американскиот институт за геофизика.

Пацифичкиот центар за предупредување за цунами процени дека цунами може да се случи во радиус од 1.000 километри околу епицентарот.