Силен земјотрес во Средоземното море кај Кипар

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала утринава ја потресе малата островска држава Кипар и беше почувствуван во целиот регион на источниот Медитеран.

Loading...

Земјотресот се случил во 3.08 часот по локално време, а епицентарот бил во Средоземното Море на 50 километри од западниот брег на островот на длабочина од 25 километри.

Главниот земјотрес, кој најсилно се почувствувал во западниот дел на островот Пафос, бил проследен со уште неколку потреси, соопшти Одделот за геолошки истражувања на Кипар.

Полицијата соопшти дека дополнителни патроли биле испратени низ островот и не пријавиле никаква штета.

Земјотресот можел да се почувствува долж медитеранскиот брег на соседна Турција, каде нема информации за жртви или материјална штета.

Кипар се наоѓа во активна сеизмичка зона каде што се проценува дека се случуваат 15% од сите земјотреси во светот.