Силен земјотрес на Пелопонез

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 4,1 степени по Рихтер ги погоди областите Лаконија и Месинија на Пелопонез на југот на Грција, објави Екатемерини.

Loading...

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во вторникот во 22:50 часот, бил на 38 километри југозападно од Геролименас, крајбрежно село на јужниот дел на полуостровот Мани, на длабочина од пет километри, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија на соопшти Атина.

Според информациите, засега нема извештаи за повредени или материјална штета.