Силен земјотрес ја погоди Турција

Сподели со своите пријатели

Силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Турција, јавува ЕМСЦ.

Земјотресот е регистриран на 83 километри од Аланија, популарно турско одморалиште, на длабочина од 30 километри.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Таен напад врз најсилниот нарко картел во светот: Уапсени над 600 лица!