Силен земјотрес го погоди Хаваи

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала денес го погоди Хаваи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 10 километри и на 355 километри од Хонолулу.

Не е прогласена закана од цунами.

Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Северна Кореја испали балистичка ракета. Прелета околу 700 километри