Силен тајфун ги погоди Филипините, илјадници евакуирани

Сподели со своите пријатели

Силниот тајфун Молави ги погоди Филипините и принуди илјадници селани да се евакуираат кон безбедните зони во покраините јужно од главниот град Манила.

Loading...

Невремето предизвика поплави во селските подрачја и откорна покриви од куќите, но засега нема информација за евентуални жртви, иако властите тврдат дека едно лице се води како исчезнато, а надлежните служби успеале да спасат седум лица откако нивната јахта се превртела во водите во близина на покраината Батанга.

Ударите на ветрот се со брзина од 127 до 180 километри на час, а досега повеќе од 25.000 селани се евакуирани од загрозените подрачја, се наведува во извештајот на Службата за цивилна заштита на Филипините.

На филипинските пристаништа се блокирани над 1.800 камиони и голем број патници бидејќи властите забранија испловување на бродови додека трае невремето.

Габриела Точко

Leave a Reply