Експеримет со скратување на работното време, кој во април 2014 година го започнала Владата на Гетенбург, дал позитивни резултати.
Имено, во еден старачки дом одлучено е да се скрати работното време од осум на шест часа дневно, а притоа работниците да ја задржат истата плата.
Целта на експериментот биле да се намалат боледувањата, а истовремено да се поттикне продуктивноста како би се заштедиле пари, пишува Гардијан.
Кога било забележано дека задоволните работници подобро ги негуваат старите лица, овој модел го превземале и некои други институции.
Експериментот покажал дека работниците поради помалку работа имаат поквалитетен приватен живот, што им овозможува на работа подобро да се посветат на пациентите, а дома подобро да водат грижа за своето семејство.
Некогаш бев постојано исцрпена. Би дошла од работа и само ќе се онесвестев на софата. А, сега имам многу повеќе енергија и елан како за работа така и за семеен живот – вели една од медицинските сестри која учествувала во експериментот.
Интересно е што еден оддел од Тојота исто така започнал да спроведува исти тестови, за да се добијат подобри резултати.