Шведски министер: Не сакаме постојани бази на НАТО и нуклеарно оружје

Сподели со своите пријатели

Шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром изјави дека се против формирање постојани бази на НАТО и распоредување нуклеарно оружје на нивна територија.

Loading...

Шведското национално знаме беше подигнато во понеделникот во седиштето на НАТО.

Билстром потсети дека неговата земја учествувала во заеднички акции со НАТО пред членството.

„Се разбира, трупите на НАТО ќе оперираат во Шведска. Но, ние не сакаме постојани бази на НАТО“, рече Билстром.

Тој изјави дека неговата земја во принцип е подготвена да испрати војници кај другите сојузници и дека се подготвуваат да испратат механизиран баталјон во Летонија.

Тој се осврна и на приказните за неопходноста од распоредување нуклеарно оружје, што е на дневен ред во Европа во последните неколку недели.

„Не гледаме причина да имаме нуклеарно оружје на наша територија во време на мир. Во таа насока ќе го следиме патот на Норвешка и Данска. Мислам дека е исто така важно да се запамети дека само три земји во НАТО имаат нуклеарно оружје – САД, Велика Британија и Франција, и дека на територијата на ниту една земја – членка не било распоредено нуклеарно оружје од крајот на Студената војна. Се разбира, ниту една земја – членка не е обврзана да поседува нуклеарно оружје против своја волја. Затоа, мислам дека ова прашање е малку претерано“, нагласи Билстром.

Тој изјави дека се уште се свесни дека нуклеарното оружје е дел од доктрината за одбрана и одвраќање на НАТО.

Loading...

Влеговме во НАТО без никакви предуслови по ова прашање“, рече шведскиот министер.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во понеделникот рече:

„Нема планови за зголемување на бројот на сојузници со нуклеарно оружје. Се разбира, ние постојано го оценуваме нашиот однос кон постоечките конвенционални сили. Сепак, немаме планови да создадеме борбена група во Шведска како во балтичките земји“.