Шведски археолози пронајдоа антички град на Кипар

Сподели со своите пријатели

Остатоци од античко пристаниште и трговски град се пронајдени во јужен Кипар за време на ископувањата предводени од научници од шведскиот универзитет во Гетеборг, потврдија властите за антиквитети на медитеранскиот остров.

Loading...

Градот на брегот на солено езеро во близина на Ларнака, кој се проценува дека е со големина од најмалку 25 хектари, датира од доцното бронзено време и го достигнал врвот помеѓу 1.600 и 1.100 п.н.е., рече Јоргос Георгиу, привремен директор на Кипарската управа за антиквитети.

Се тргувало со Египет, Авганистан и Индија

„Градот бил богат благодарение на производството на бакар и трговијата со блиските и далечните култури“, рече тој за АФП.

„Предметите пронајдени при ископувањето водат до заклучок дека градот бил трговски центар.“

Покрај тоа, гробовите пронајдени на тоа место се меѓу најлуксузните пронајдени во Медитеранот, објави тимот шведски експерти.

„Најдовме повеќе од 500 цели предмети во двата гроба“, објави Петер Фишер, професор по археологија и водач на експедицијата на веб-страницата на универзитетот.

„Речиси половина од артиклите се увезени од Египет, Авганистан и Индија.“