Швајцарците не им веруваат на банките? Имаат толку многу злато што го закопуваат во градините!

Сподели со своите пријатели

Неодамнешното истражување на Универзитетот во Сент Гален покажа дека 65,2% или две третини од 3.000 испитаници во Швајцарија веруваат дека инвестирањето во благородни метали е разумно.

Loading...

Всушност, златото е еден од омилените облици на инвестирање за жителите на оваа богата земја, но недвижностите, акциите и обврзниците сè уште се водечки.

Гореспоменатото истражување резултираше со импресивни бројки.

Имено, утврдено е дека 22 отсто од испитаниците имаат во просек по 100,83 грама злато во вредност од 7.500 франци (околу 8.000 евра).

Се проценува дека меѓу населението на Швајцарија има вкупно 200 тони злато во вредност од 14,9 милијарди франци (15 милијарди евра).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонија: Рекордно мал број на први бакнежи кај тинејџерите

Понатаму, истражувањето покажа дека 43 отсто од оние кои би продавале злато само во итни случаи.

Швајцарците би можеле да се споредат со пирати по начинот на кој го кријат своето злато.

Имено, пет отсто од оние кои рекле дека го закопале во градината.

Loading...

Се проценува дека под земја има десет тони злато во вредност од 750 милиони франци (околу 800 милиони евра), пренесува Кликс.

Не им веруваат на банките

Дополнително, 15 отсто рекле дека благородниот метал го чуваат скриен дома, додека 18 отсто рекле дека го чуваат во домашен сеф.

Професорот Роси изјавил дека бил изненаден кога дознал дека луѓето се уште го закопуваат златото и дека тоа е показател за недоверба во банките и дека банките мора да го земат тоа предвид, пишува порталот Swissinfo.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Светските лидери му честитаа на Трамп за победата на претседателските избори во САД

Професорот по економија на Универзитетот во Фрајбург, Серџо Роси, не е изненаден од интересот на неговите сограѓани за златото.

Според него, политичките и макроекономските промени предизвикуваат загриженост во целиот свет, вклучително и во Швајцарија.

„Постојат инфлациски притисоци кои предизвикуваат страв од пад на вредноста на заштедите во банките. Златото има репутација на сигурна инвестиција која не губи вредност. Луѓето кои можат да си го дозволат, купуваат злато за да ги задржат или дури и да ги зголемат своите средства. “, додава Роси.

Тој истакна дека богатството на просечниот Швајцарец е многу поголемо отколку во многу други земји.

Како што наведе, Швајцарците можат да купат тони злато, што е тешко или невозможно во многу други земји.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Биткоинот достигна рекордно високо ниво