Штрајкови и масовни протести во Грција на втората годишнина од железничката несреќа

Сподели со своите пријатели

Во Грција денеска почна 24-часовен штрајк на транспортните, деловните и училишните работници, а се очекуваат масовни протести низ земјата по повод втората годишнина од железничката несреќа во Темпи во која загинаа 57 лица.

Loading...

Сите меѓународни и домашни летови беа суспендирани бидејќи контролорите на летање им се придружија на морнарите, машиновозачите, лекарите, адвокатите и наставниците во 24-часовниот генерален штрајк за да им оддадат почит на жртвите од несреќата.

Бизнисите се затворени, театрите ги откажаа претставите, а илјадници луѓе се очекува да излезат на плоштадот Синтагма во центарот на Атина, како и во други градови, под силен полициски надзор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бундестаг: Засега ништо од барањето за забрана на АфД

ГСЕЕ, најголемиот синдикат на приватниот сектор, соопшти дека повикал на штрајкот „конечно да се спроведе владеењето на правото, за да нема прикривање и за одговорните да бидат казнети“, пренесува Ројтерс.

Истрагата за несреќата се уште е во тек и никој не е осуден, а владата на премиерот Киријакос Мицотакис ја отфрла одговорноста, одбивајќи да побара парламентарна истрага за политичка одговорност.

Владата во Атина тврди дека судството треба да ја истражи несреќата, а Мицотакис вели дека објавите на социјалните мрежи имаат за цел да предизвикаат политичка нестабилност во земјата.

Во анкетата спроведена претходно оваа недела, 82 отсто од Грците изјавиле дека железничката несреќа е „едно од најважните“ или „најважните“ прашања во земјата, а 66 отсто рекле дека се незадоволни од истрагата за несреќата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Папата ја надмина најкритичната фаза од болеста, но се уште не е вон животна опасност

Опозициските партии ја обвинија владата дека прикрива докази и ја повикаа да поднесе оставка.

Loading...

Во февруари 2023 година, два воза се судрија во долината Темпи, при што загинаа 57 луѓе, а неодамна објавените аудио снимки покажаа дека околу 30 од оние луѓе кои ја преживеале несреќата подоцна починале од задушување или изгореници.

Резултатите од истрагата, кои беа објавени вчера, покажаа дека во пожарот загинале седум лица.

Голем дел од патниците биле студенти, а на аудио снимките, кои всушност се снимени повици од еден од нив на европскиот број за итни случаи 112, се слуша како повикуваат помош или се борат за здив.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ким Џонг Ун нареди целосна подготвеност да се користи способноста за нуклеарен удар