Еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан, денес пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент ќе го обелодени извештајот за напредокот на Македонија каде со оценки од еден до пет, ќе го каже своето мислење за тоа, што стори а што допрва се очекува да направи Владата за македонското членство во унијата.
Ако е да се суди според досегашните напорни преговори и се` уште неизвесното спроведување на договорот од Пржино, како што велат упатените извори, станува се` поизвесно дека Македонија за сигурно ќе добие опомена од ЕУ, а понатамошната европска интеграција со денешниот извештај можно е биде условена токму од доследното спроведување на сите точки од јунскиот договор.
Ќе успее ли Македонија да ги задржи препораките за членство во ЕУ или ќе се врати чекор назад ќе се знае точно напладне кога евроамбасадорот Аиво Орав ќе му го предаде извештајот на претседателот Ѓорѓе Иванов.
Освен за Македонија, денеска ќе бидат објавени и извештаите за Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Турција и Косово.