Штеки цигари, тутун и шприцеви за тулумби запленија цариниците на Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Штеки цигари, тутун и шприцеви за тулумби изминатата недела завршија во рацете на царинските службеници на Табановце, информираат денес од Царинската управа на Македонија.

Имено 81 штеки цигари со македонски акцизни маркички и 10 кг режан тутун биле откриени во два оделни случаи, при контрола на еден автобус и едно патничко возило, пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Во првиот случај, при контрола на швајцарски автобус, во патна торба, сопственост на македонски државјанин – патник во автобусот, пронајдени биле81 штеки цигари марка „RODEO“.

Во вториот случај, при контрола на српски автомобил, управуван од српски државјанин, во патна торба сместена пред совозачкото седиште и куфер сместен на задното седиште, пронајдени биле 10 кг режан тутун.

 

Loading...

88cb9802-321c-4178-9c0d-794d141d095f

 

Цигарите и тутунот привремено се задржани од Царинската управа, а против против прекршителите ќе бидат поведени соодветни постапки.

Во друг случај царинските службеници откриле 27 шприцеви за правење тулумби, откриени на Железничката станица Табановце, при контрола на патнички воз што сообраќал на релација Солун – Белград. Производите, чиј сопственик засега е непознат, биле пронајдени во патна торба сокриена зад седиштето во едно купе во возот.

 

e34ace98-e285-4107-a06d-08dc01fd0e89

 

Против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, а непријавената стока им е одземена.