Штала и помошен објект изгореле вчера откако ги зафатил пожар во кумановското село Долно Којнаре.
Loading...
– На 18.08.2024 во СВР Куманово било пријавено дека во село Долно Којнаре, кумановско, настанал пожар во штала и помошен објект во двор од куќа сопственост на С.С.(45), а биле опожарени и родни дрвја во имотот на Г.С., информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Пожарот, како што додаваат од полицијата, бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.
Екипа од СВР Куманово извршила увид.
Никола Ивановски