Шри Ланка се надева дека ќе постигне првичен договор за помош со ММФ

Сподели со своите пријатели

Шефот на централната банка на Шри Ланка рече дека се надева оти владата ќе постигне прелиминарен договор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) што може да доведе до пакет помош во август, кога неговите претставници ќе ја посетат островската земја погодена од кризата.

Loading...

Земјата од Индискиот Океан банкротираше и нејзината економска криза предизвика масовни јавни протести кои доведоа до соборување на претседателот Готабаја Рајапакса во јули.

Владата најави и дека кризата ги отежнала преговорите со ММФ.

Гувернерот на централната банка на Шри Ланка, Нандалал Верасинге, денеска изјави дека се надева оти претставниците на ММФ и владата на Шри Ланка би можеле „да го финализираат и постигнат договор“ за пакетот политики за време на состаноците на персоналот.

Верасинге додаде дека договорот што се бара со ММФ ќе им даде „јасна слика за одржливоста на долгот и целите на долгот што треба да се постигнат во следните 10 години“.

Штом ќе се постигне договор, рече Верасинге, Шри Ланка ќе им пристапи на сопствениците на државните обврзници и на другите надворешни кредитори.

„Се надеваме дека сите наши кредитори ќе ја поддржат Шри Ланка кога ќе ја видат силната макро програма одобрена од ММФ“, рече тој.

Новиот претседател на Шри Ланка, Ранил Викремесинге, пред две недели изјави дека неговата влада ги отворила преговорите со ММФ за четиригодишен план за помош и дека почнала да го финализира планот за реструктуирање на долгот.

Loading...

Викремесинге беше избран минатиот месец за да го одлежи остатокот од петгодишниот мандат на Раџапакса, кој поднесе оставка и сега е во егзил во Тајланд.

Демонстрантите ги обвинија Раџапакса и неговото семејство за долгогодишно лошо управување со земјата и дозволување на корупција што доведе до банкротства и недостиг на основен увоз.

Владата на Викремесинг подготвува национална политика на патоказ за следните 25 години, чија цел е да го намали јавниот долг и да ја претвори земјата во конкурентна извозна економија.